Историја на балет

                             ИСТОРИЈА НА БАЛЕТОТ

Балетот е конкретна форма на танц,со свои зачетоци во Италијанските кралски дворови во периодот на Ренесансата во 15 и 16 век.Брзо се проширил во француските дворови на Катерина де Медичи каде бил распространет понатаму. Во доцните години на 17 век Луј 14 ја основал кралската академија за музика (Париската Опера) од која произлегува првата професионална театрална балетска дружина Париската Опера и балет. 

Доминатноста на францускиот јазик во балетскиот речник ја одразува неговата историја.Театралниот балет наскоро постанува независна уметничка форма, која иако сеуште ја одржуваше блиската поврзаност со операта, и се распространуваше од срцето на Европа до другите земји и нации. 

Кралскиот Дански Балет и Кралскиот Балет на Руската Империја беа основани во 1740 година и започнаа да се развиваат посебно после 1850 година. Во 1907 година Рускиот балет се враќа назад на сцената во Франција, каде Рускиот балет на Сергеј Диагиљев и неговите следбеници биле особено влијателни. Наскоро балетот се проширил насекаде во светот.

Comments

Popular posts from this blog

Вид балет

Балет